Состојки:
- 400 гр бисквити,
- 150 гр стопен маргарин,
- 500 мл слатка павлака,
- 1 желатин,
- 500 гр сирење марскапоне,
- 200 гр сецкано чоколадо,
- 200 гр сецкани бадеми.
За украс: чоколадо, шлаг по желба.
Подгответе го желатинот во согласност со упатствата на пакетчето. Изматете ја павлаката со ванилин шеќер, па додадете го желатинот.
Во слатката павлака додадете го сирењето маскарпоне и промешајте уште малку. Исклучете го миксерот и додадете мелени лешници и сецкано чоколадо. Измешајте сè полека и премачкајте ја подлогата. Ставете го во фрижидер да отстои. Потоа украсете по желба.