Состојки:
90 гр. таан од сусам
175 гр. мед
½ лажичка цимет
120 гр. овесни снегулки
60 гр. мелени ореви
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Поставете хартија за печење во плех. Во сад измешајте ги таанот, медот и циметот. Додадете ги оревите и овесот. Мешајте додека состојките добро се соединат. Со лажица обликувајте колачиња ставајќи ги на хартијата за печење на растојание едни од други. Печете 10 минути или додека не заруменат. Оставете ги да се изладат па послужете.
На здравје!