Многу луѓе сакаат да бидат среќни, но не прават ништо во врска со тоа, а вистината е дека нашата среќа е во наши раце и секогаш било така. Погледнете кои се дејствата кои ќе ви помогнат да ја подигнете вашата среќа:
1) Преземете нешто или оставете го
Размислете подобро што ќе ви донесе поголема среќа. Дали ако се откажете од нештото или сосема го отфрлите од вашиот живот. Или борете се или заборавете. Но никако не останувајте на средина.
2) Поврзете се со охрабрувачки пријатели
Убаво е да имате пријател или двајца кои се покрај вас за да разговарате кога ви треба некакво гледиште и од надворешна перспектива. Ако се чувствувате помирни кога ќе го слушнете нивното охрабрување, контактирајте ги ако поддршката ве одржува на вистинскиот пат.
3) Направете список на благодарност
И додавајте на што сте благодарни секој ден. Добро, три пати неделно, ако ви е полесно. Започнете денес и направете белешка за да го регистрирате вашето ниво на задоволство и по една недела прочитајте што сте напишале.
4) Проверете се сами
Поставете тајмер на секој час или нешто повеќе кога сте фокусирани на работа или на друг важен дел од вашиот живот. Кога ќе го слушнете алармот, проверете се сами. Прашајте се „што ме направи задоволен последните час или два?“. Одговорете на глас или запишете го одговорот ако е полесен начин да ги запомните сите мали и големи работи што придонесуваат за вашето задоволство.