ЧОКОЛАДНИ КОЛАЧИ

Состојки

  • 500 гр маргарин
  • 350 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 4 јајца (ако се големи доста се и 3)
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 чоколада исецкани на парчениња
  • 200 гр суво грозје
  • 1 кг брашно
  • 1 пециво
  • 1 рака сецкани орев

Подготовка:
Изматете ги со миксер маргаринот со шеќерот и ванилата, потоа додадете ги и јајцата па матете се додека не се соединат состојките. Пецивото и сода бикарбоната измешајте ги со брашното и пополека додадете ги во претходната смеса. Измешајте со лажица, а кога ќе стане погуста смесата измесете го со рака тестото (треба да лепи малку тестото). На крај додадете ги оревите, грозјето и чоколадото. (Грозјето и оревите се по желба, може да ставите повеќе или помалку). Убаво измесете го тестото за да се распоредат добро последните состојки. Може да одстои некои 20 мин. за поубаво да надојде. Извадете со прсти парчиња од тестото во зависност од тоа колкава големина сакате да бидат и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Се печат на 250’С околу 15-20мин. во зависност од големината.



На здравје!