ЧУДОТО НА СОДА БИКАРБОНАТА- ТРЕБА ДА ГО ПРОБАТЕ ОВА!

Неколку совети за употреба на сода бикарбоната:
Чудата на сода бикарбоната се докажани многупати. Сите скапи креми и пилинзи не можат да му помогнат на телото да се чувствува препородено колку содата.

Различните третмани за лице имаат ефект само привремено и некои од нив не за долго време. Луѓето кои не можат да си ги дозволат овие третмани со право можат да им парираат на тие луѓе со содата.

Содата има корисен ефект со додавањето на јод, кој помага при разни воспаленија и инфекции. Престанува да чеша од каснувања и убоди од инсекти. Помага при отстранување на забен камен. Ги ублажува симптомите на инфекција на мочниот меур. Лекарите исто така ја користат за да ги намалат нивоата на киселини во крвта за време на дијализа кај болести на бубрезите. Сода бикарбоната е исто така храна за правење разни пецива и колачи.

Прочистете го лицето
Бидејќи пилинзите некогаш чинат многу, вие правите свој пилинг со само 3 | 4 сода бикарбона и 1 | 4 вода. Направете си домашен пилинг и ослободете се од мртвите клетки на кожата.

Шампон за коса
Во случај косата да ви е полна со маснотии или ако користите многу производи за стилизирање на косата секој ден, без разлика дали се работи за гелови или пена, тогаш дефинитивно ви треба нешто што ќе ја обнови вашата коса. Ова е еден од третманите што дури и професионалните фризери го користат во нивните салони. Истурете онолку шампон во вашата дланка колку што нормално ставате на вашата коса и додадете половина лажичка сода бикарбона, добро тријте, оставете неколку минути и исплакнете.