ЦРН ОРИЗ – СОВРШЕНО СРЕДСТВО ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Истражувачите од Јужна Кореја заклучија дека црниот ориз може да помогне во борбата против вишокот килограми и да ја спречи дебелината.

Истражувачкиот тим ја спроведе студијата со лабораториски глувци со прекумерна тежина. За време на експериментот, глувците биле хранети со црн ориз.

Истражувачите откриле дека јадењето црн ориз ги намалува акумулираните липиди во црниот дроб и масното ткиво, а исто така го намалува нивото на холестерол.

Тоа помага да се елиминираат ефектите од висококалоричната храна и ја намалува брзината со која добиваме вишок килограми. Истражувачите забележуваат дека во споредба со белиот ориз, црниот ориз содржи повеќе антиоксиданси, протеини, влакна и помалку шеќер. Покрај тоа, црниот ориз има помал гликемиски индекс – само 42, додека белиот ориз има бројка од 64.

Сето ова го прави црниот ориз многу здрав производ кој овозможува да се задоволи чувството на глад долго време без да му наштети на здравјето.