ЦВЕЌИЊА КОИ ЌЕ НЕ НАПОЛНАТ СО ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА И ЌЕ НИ ПОМОГНАТ СО ДЕПРЕСИЈАТА

Глуварче

Жолтиот цвет на глуварчето помага за лечење на бесот, лутината, огроченоста и љубомората. Нуди чувство на мир.

Неговата порака е: Помагам да се отстранат горчината и бесот од вашиот живот. Исто така, можам да помогнам да ги остварите своите желби.

Гарденија

Гарденијата е одлична за сите луѓе кои патат од хроничен стрес. Нејзините цветови ги отстрануваат стресните емоции и ве потсетуваат дека е време за смеа и забава.

Нејзината порака е : Бидете блиску до мене и уживајте во мојот мирис. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од стресот и грижите. Сега е време да влезете во блажена фаза од вашиот живот.

Јоргован

Јоргованот има смирувачки ефект кој помага да се опуштите од стресот и брзиот начин на живеење. Погоден е за луѓе кои патат од анксиозност и депресија.

Неговата порака е: ослободете се од сите иритирачки и депресивни мисли и заменете ги со позитивен став и чувства. Можете да го постигнете тоа.

Орхидеја

Орхидејата има огромна енергија. Тоа потсетува дека сте го заслужиле само најдоброто и дека тоа е единствената работа на која треба да се насочите.

Нејзината порака гласи: Со секој чекор сте поблиску до целта. Не е време за откажување, уште малку и ќе стигнете до крајот. Дајте се од себе.

Црвена роза

Црвената роза е симбол на страста и љубовта и традиционално таа е романтичен подарок. Нејзината моќ на исцелување ги топи блокадите во нашето срце. На тој начин, лесно можеме да ја привлечеме и задржиме љубовта.

Нејзината порака вели: Вие заслужувате љубов, дозволете и да влезе во вашиот живот. Најдете ја поврзаноста и страста која ја барате. Таа ги исцелува сите рани и ви помага да тргнете напред.