ДАЛИ Е ЗДРАВО ДА СЕ ЈАДЕ КРАВЈО СИРЕЊЕ?

Сирење е прехренбен производ кој се добива со коагулација на беловините во млекото и сурутката. Сирењата се произведуваат насекаде во светот во различни вкусови и форми.

Вкусот и конзитенцијата на сирењето зависи од: видот на млекото, начинот на исхрана на животните, содржината на млечните масти, пастеризација, начинот на изработка на видот на бактериите и мувлата што се користат, како и од староста на самото сирење. На сирењата често се додаваат билки, се чадат или им се додаваат некакви ароми. При изработка на некој видови сирења млекото се згрутчува и со додавање на лимонска киселина.

Кравјото сирење богато е со протеини и заради тоа им се препорачува на спортистите и лицата кои имаат потреба од големи количини протеини. Може да се консумира како замена за месо, а педијатрите го препорачуваат од најрана возраст во секојдневната исхрана заради нивото на фосфор, магнезиум и калциум.

Богато е и со есенцијални аминокиселини. Покрај мастите и јаглехидратите кои ги содржи, се препорачува во диетите и здравата исхрана бидејќи има ниска калориска вредност.

Ако сте љубител на сирење, може да уживате во неговиот вкус умерено, без да се грижите!