Кавала е град во северна Грција, најважното пристаниште во Источна Македонија и Тракија. Во антиката, во околу 7 век п.н.е. градот бил познат како Неаполис („нов град“). Во средниот век, до околу 14 век, градот бил познат како Христополис („град на Христос“). Името Кавала се јавува по 14 век.
Кавала се наоѓа на северниот брег на Кавалскиот Залив, дел од Егејското Море. Градот се наоѓа на ридестиот терен, додека центарот се наоѓа на карпест дел од полуостровот Пресвета и е од стратешка важност.
Градот и околните места во областа ги опслужува меѓународниот аеродром „Александар Велики“, сместен меѓу Кавала и Саришабан.
Кавала има влажна суптропска клима (според Кепенова класификација на климата), кој се граничи со полусува клима со просечни годишни врнежи од 460 мм. Снежните врнежи се во помал број денови но истите ги има, повеќе или помалку скоро секоја година. Влажноста на воздухот е секогаш многу висока.
Апсолутната максимална температура забележана некогаш изнесувала 38,0 °C, а најмалата -5,8 °C.
Од знаменитостите најважни се:
Кавалски аквадукт – средновековен отомански водовод, една од главните туристички атракции во градот. Аквадуктот најверојатно бил изграден во римско време, функционирал во времето на Византија и бил реновиран во времето на османлискиот султан Сулејман I во периодот помеѓу 1530 и 1536 година.
Црква Свети Никола – православна црква, која била изградена како муслимански храм во XVI век и која била претворена во црква во 1926 година. Претходно на местото на џамијата имало христијанска базилика, најверојатно посветена на Свети Лазар или Свети Апостол Павле. До црквата се наоѓа местото каде што се смета дека Апостол Павле за првпат стапнал во Европа. Таму во 2000 година бил изграден споменик.
Црква Успение на Пресвета Богородица – православна црква која се наоѓа на Панагија. До 1864 година црквата е единствениот христијански храм во градот.
Градот Кавала во Грција плени со својата историја и прекрасните плажи. Овој грчки убав град ги содржи сите аспекти на разновидниот одмор. Љубителите на плажите ќе бидат маѓепсани не само од величествените плажи, туку и од историската убавина. Истото важи и обратно – љубителите на историјата ќе можат да ги ценат не само антиквитетите, туку и пријатната суштина на морското одморалиште.
Регионот и градот Кавала во Грција имаат плажи долги скоро 100 км. Плажите се покриени со ситен песок, а морето е топло, што ја прави оваа дестинација одличен избор за летување со дечиња.
Ако ова лето вашиот избор е Кавала, илјадници вили, соби и апартмани можете да најдете на платформата Arendoo , oфицијалната facebook страна на Arendoo.mk или facebook групата Ајде да патуваме! Туристички понуди за хотели, мотели, апартмани, соби…