Дали имавте лош ден? Лошите мисли преовладуваат во вашата глава? Секој во својот живот искусил разочарување , но тоа не е причина да не продолжиме понатаму. Еве неколку цитати кои ќе влијаат мотивирачки и ќе ви го направат денот поубав :
- Ти си она што го правиш, а не она што велиш дека ќе го направиш.
- Работи толку напорно што еден ден твојот потпис ќе се вика автограм.
- За да го промениш твојот живот треба да ги промениш твоите приоритети.
- И скршените боички сепак бојат.
- Единствената личност со која треба да се натпреваруваш е личноста која беше вчера.
- Никогаш не проси го она што имаш моќ да го заработиш.
- Биди онаков лидер којшто и ти самиот би го следел.
- Подобро е да знаеш и да бидеш разочаран, отколку да не знаеш и секогаш да се прашуваш.
- Работете го она за кое сте родени. Сè што треба да направите е да верувате во себеси.
- Треба да ја преобликуваме нашата перцепција за самите себе.
- Не се споредувајте со никого во овој свет … Ако дејствувате на тој начин, значи се навредувате себе си.
- Бидете добри со сите луѓе и не потценувајте никого. Има шанса некој ден да работите за нив.
- Болката е привремена, откажувањето трае вечно.
- Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.
- Секогаш е вистинско време за преземање на правилниот чекор.


