Иако можеби ви звучи чудно, татковците можат да се соочат и со постпородилна депресија. Денес ќе ве запознаеме со 4 работи што е добро да ги знаете:
- Бројот на мажи кои стануваат депресивни во првата година откако станале татковци е двојно поголем од општата популација.
- Најчестиот период на појавување е помеѓу 3 и 6 месеци по раѓањето на детето. Нејзините симптоми можат да бидат многу слични на секојдневниот стрес од грижата за бебето.
- Симптомите може да вклучуваат:
- страв, збунетост, беспомошност и неизвесност за иднината
- повлекување од семејниот живот, работата и социјалните ситуации
- неодлучност
- чувство на незадоволство, раздразливост, цинизам и лутина
- негативно родителско однесување
- физички симптоми како што се варење, промени во апетитот и тежината, дијареа, запек, главоболка, забоболка и гадење
- Депресијата кај татковците може да влијае на развојот на нивното дете. Тоа е поврзано со емоционални, социјални и проблеми во однесувањето, како и со доцнење во развојот кај нивните деца.
Доколку забележите некои од симптомите или се чувствувате несигурно, подобро побарајте поддршка на време!


