ДЕНЕС ПРЕПОДОБНА МЕЛАНИЈА: СЕКОЈ КОЈ Е ВО НЕВОЛЈА ТРЕБА ДА И СЕ ОБРАТИ СО ОВИЕ ЗБОРОВИ

Денеска црквата и верниците слават празник посветен на преподобната Меланија Римјанка, христијанска светица од 5 век која живеела во Рим.

Света Меланија Римјанка се смета за заштитничка на жените и девојките. Молитвите до неа и до Богородица, верува народот, ќе донесе здравје и љубов на секоја дама.

Родена е во Рим од благочестиви и многу имотни родители. Родителите ја присилија да стапи во брак со некој угледен млад човек по име Апинијан. Кога го роди второто дете, таа се разболе и му рече на мажот ѝ дека ќе може да оздрави само ако тој се заколне пред Бога дека во иднина ќе живее со неа како брат со сестра. Мажот ѝ се заколна, а таа од духовна радост и телесно оздраве. 

Потоа Му беше угодно на Бога па им ги зеде двете деца, а тие се решија да го распродадат сиот свој имот и да им го раздадат на сиромасите, на црквите и на манастирите. Многу патуваа по странските земји и градови вршејќи добри дела од своето богатство. Ги посетија прочуените духовници во Горен и Долен Египет и од нив многу се научија и се вдахновија. За сето време Меланија се подвизуваше во строг пост, срдечна молитва и читање на Светото Писмо.



 Имаше обичај секоја година трипати да го прочита целото Свето Писмо, Стариот и Новиот Завет. Со мажот ѝ живееше како со свој брат и соподвижник. Кога дојдоа во Александрија, зедоа благослов од светиот патријарх Кирил. Потоа заминаа за Јерусалим и се населија на гората Елеонска. Овде Меланија се затвори и целата се предаде на богомислие, пост и молитва. И така проживеа четиринаесет години. Потоа излезе да им послужи на другите на патот кон спасението. Основа машки и женски манастир. На покана од својот роднина сенаторот Волусијан, незнабожец, појде во Цариград и го обрати него во верата Христова (иако претходно блажениот Августин не успеа во тоа). Потоа, повторно се врати на Елеонската гора и таму се упокои во Господа, во 439 година, во педесет и седмата година од нејзиниот живот.

На оваа светителка, за помош и милост треба да и се обратите вака:

„Во тебе, мајко, побожноста сигурно е спасена, бидејќи со примањето на Крстот си го следела Господ Христос, со своите дела си научила да го презираш телото, сакајќи повеќе за душата бесмртни нешта, затоа и со Ангелите, света Меланија, твојот дух се радува“.

Извор: Zenskimagazin.mk