ДЕВОЈКИ, НЕ ГУБЕТЕ СЕ ПРЕД НЕКОЈ ШТО НЕ ВЕ ЦЕНИ!

Понекогаш љубовта не прави малку глупави и ни ги затвора очите пред реалноста. Тоа не мора да биде негативна работа, бидејќи да се биде глупав, но искрено среќен може да биде прекрасно на некој начин.

Но… Има едно големо „НО“.

А се состои во тоа за кого се залажуваме и дали нè цени човекот до нас, дали нè почитува и дали вреди да правиме компромиси за него.

Секако, ако љубовта е споделена и вашиот партнер е подготвен да направи се за вас, сосема е нормално вие да бидете спремни да направите се за него.

Но, ако се чини дека не ве сфаќа сериозно, ако постојано сака да правите компромиси со себе за да го усреќите, тогаш веднаш треба да се ослободите од оваа врска – тоа не ве прави среќни.



Девојки, не губете се пред маж кој никогаш нема да ве цени!

Немојте да мислите дека тој ќе се промени!

Ако не сме го направиле тоа до сега, веројатно нема да го направиме некогаш.

Љубовта мора да биде взаемна, што значи правење компромиси од двете страни. Денеска едниот ќе попушти, а утре другиот. И ова во име на вистинската љубов.

Затоа внимавајте кој стои до вас, дали ве цени и почитува или само ве зема здраво за готово!