Важно е да се напомене дека уредите не смеат да бидат топли или приклучени при чистење.
Многумина сметаат дека пеглата за коса и фигарото не треба да се чистат и одржуваат, но фризерите не би се согласиле со тоа. Тие сметаат дека нивното чистење е потребно.
Нечистотијата на уредот негативно ќе влијае на квалитетот на вашата коса, а при исправување или виткање, нема да ги имате посакуваните резултати. Без оглед на тоа што може да нема видливи дамки и траги од нечистотија, тие треба редовно да се чистат, а само една состојка може да ви помогне во тоа.
Фризерот од New York, Мет Нјуман, сподели одличен трик со своите следачи на „ТикТок“. Земете лимон, пресечете го на половина и истријте ја внатрешноста на уредот за да ги отстраните сите остатоци од лак и разни препарати за коса што се собираат.
Мет открива уште еден мал трик: ако не сакате да мачкате лимон директно – исцедете го на хартиена крпа, додадете малку вода, завиткајте го околу уредот и оставете го така некое време. На крај, само избришете лесно со сува хартија или крпа.
Важно е да се напомене дека уредите не смеат да бидат топли или приклучени при чистење.


