Овен – Може да се чувствувате мотивирани да направите нешто што долго време го одложувате. Сепак, вашиот преголем ентузијазам и импулсивност може да ве наведат да преземете непромислени акции. Бидете внимателни во вашите одлуки.
Бик – Може да бидете предизвикани и лесно да се лизнете да кажете нешто што не треба, а потоа да зажалите. Совршено време да заборавите на вашите лични амбиции и проблеми на некое време и да се фокусирате на посебните луѓе во вашиот живот.
Близнаци – Сите ситници можат да ви го намалат расположението, на пример неуредната облека дома може да доведе до кавга со некој од семејството. Понекогаш се неопходни компромиси. Погрешно е да купувате работи само за да се утешите – може да завршите со празни џебови.
Рак – Месечината го става својот емоционален фокус на некои важни детали од вашиот живот – работи што би можеле да ги занемарите во други денови, но кои сега добиваат поголемо значење. Добро време за анализирање и разгледување на вашите работи.
Лав – Во текот на денот може да ве посетат разни импулсивни желби, но не брзајте да тргнете во акција. Доколку одлучите некаде да го искажете своето мислење, не навлегувајте во непотребни детали, ограничете се на општата слика.
Девица – Во односите со саканите не е исклучена можноста да доживеете раздразливост и расправии и кавги за некои прашања – обидете се да не се возбудувате толку, смирете ги емоциите и избегнувајте лични судири.
Вага – Веројатно се чувствувате уморни од метежот и вревата во изминатите неколку дена и ви треба добар одмор. Најдете време за себе. Поволно е за одмор и релаксација, за правење планови за иднината, особено ако ги правите заедно со саканата личност.
Скорпија – Денот може да биде тежок за некого во однос на личните односи. Можат да се појават напнати моменти и главната причина за тоа е што не сите ваши зборови се разбрани правилно.
Стрелец – Денот ветува дека ќе помине релативно мирно. Се чувствувате полни со енергија и ведар дух. Ако имате незавршена работа, добро е да ја завршите. Бидете внимателни и умерени во зборовите и постапките, а среќата нема да ви го сврти грбот.
Јарец – Денот е погоден да се грижите за семејните работи, да преземете заеднички активности, без разлика дали за работа или за забава. Заедничките семејни активности ќе ви го направат денот поинтересен и попријатен.
Водолија – Денот е добар, полни сте со ентузијазам и позитивен став, но сепак не започнувајте ништо сериозно и важно. Време е да ги „платите“ обврските кон семејството, најблиските, а можете да организирате состанок со пријателите.
Риби – Доколку чувствувате вишок енергија, вложете ја во физички акции, но сепак не претерувајте. Можно е плановите на вашите пријатели повеќе да ве интересираат и да одлучите да им се придружите.

