Овен
Не заостанувајте со модните трендови овој ден. Сега е време да ја ажурирате вашата гардероба и да внесете нов шмек во вашиот изглед.
Бик
Ќе имате среќа оваа недела. Ве очекуваат добри вести кои од корен ќе ви го променат погледот на животот.
Близнаци
Не останувајте дома овој ден. Облечете се топло и одете на прошетка. Потребна ви е слобода, простор и расчистување на мислите.
Рак
Оваа недела не се занимавајте со нешто што не е ваша работа. Можеби ќе ве прашаат за совет, но најдобро е да се воздржите од давање.
Лав
Оваа недела ќе ви изгледа бескрајна. Сите ќе се расправаат со вас, па може да почнете некоја друга активност која што не вклучува многу луѓе.
Девица
На овој ден не дозволувајте зависта да ви ја допре душата. Сега е важно да не се потценувате и да ја знаете вашата вредност.
Вага
Оваа недела ќе научите нешто ново и интересно. Ќе се прашувате како некогаш сте живееле без оваа информација.
Скорпија
Не давајте никакви ветувања овој ден. Има време кога ситуацијата многу брзо ќе се промени и ќе мора да се прилагодите.
Стрелец
Оваа недела ви претстојат големи откритија. Ќе ви треба време да ги проучите. Бидете љубопитни и упорни.
Јарец
Оваа недела бидете блиску со саканата личност. Ќе му треба вашето разбирање и безрезервна поддршка.
Водолија
Во текот на овој ден инспирацијата ќе ви биде на ниво. Фокусирајте ги вашите напори на разгорување на страста во вашата врска.
Риби
Оваа недела грижете се за себе. Каква работа и да ве чека, прво прошетајте, направете топла бања – угодете на вашата душа.