Сите сексуални експерти и психолози ќе ви кажат дека сексот е исклучително добар за вашето здравје, но колку корист ќе добиете од него зависи исклучиво од вас. Колку повеќе имате секс, толку ќе бидете поздрави. Погледнете како сексот влијае на вас според бројот на денови во неделата кога го имате.
Еднаш во седум дена
сексот еднаш неделно позитивно ќе влијае на одржување на вашата линија. Водењето љубов го поттикнува лачењето на окситоцин, хормонот на љубовта, кој освен што ја поттикнува блискоста меѓу партнерите, придонесува и за помирен и поквалитетен сон, вели д-р Хелен Фишер, антрополог од Универзитетот Рутгерс. Повеќе сон – помала тежина , бидејќи сонот го регулира лачењето на хормоните грелин и лептин, кои се одговорни за чувството на глад.
Двапати неделно
Луѓето кои уживаат во сексот најмалку два пати неделно имаат 30 отсто повисоки нивоа на имуноглобулин, кој му помага на телото да се одбрани од болести, покажа американското истражување. Ако имате редовен секс, имунитетот ви е посилен, па помали се шансите да „фатите“ инфекција.
Три пати неделно
Тоа е многу позабавна акција во кревет (или каде и да посакате) со некој што го сакате отколку во теретана, нели? Сексот го зголемува пулсот и ја забрзува циркулацијата на крвта. Луѓето кои уживаат во сексот најмалку три пати неделно имаат половина ризик од срцев удар од оние кои немаат толку среќа, покажа студијата на научниците од Универзитетот во Бристол.
Четири пати неделно
Сексот четири пати неделно ќе направи чуда за вашиот тен. Ако често сте „зафатени“ во спалната соба, ќе останете млади подолго. За време на сексот се зголемува производството на колаген, што го спречува појавувањето на брчки и пеги на кожата, велат лекарите од Кралската болница во Единбург, кои се занимавале со истражување на таа тема. Квалитетниот сексуален живот придонесува за блескав тени сјајна коса, бидејќи за време на сексот се забрзува циркулацијата. Како резултат на тоа, кожата добива повеќе кислород и изгледа посвежо. Исто така, забрзаната циркулација го стимулира ослободувањето на токсините и прави усните да изгледаат пополни.
Пет пати неделно
Редовниот сексуален однос го подига општото ниво на енергија, не прави оптимисти и креативни (на сите полиња, не само во кревет). Покрај тоа, вашата врска со партнерот ќе биде поквалитетна, вели д-р Фишер.
Шест пати неделно
Сексот не прави попаметни. Подобрата циркулација значи дека и мозокот работи подобро, а кога доживуваме оргазам, доживуваме и „експлозија“ на хормони, од кои многу влијаат на нашата интелектуална моќ на најпозитивен можен начин.
Седум пати неделно
Ако успеете да го направите ова, секој дел, значи дека не дозволувате „факторите кои попречуваат“ како што е стресот на работа да ве спречат да уживате во животот. Редовниот секс го намалува нивото на стрес и ги ублажува анксиозните пореметувања кои се толку чести во денешно време, покажале истражувањата, а објаснувањето за тоа веројатно лежи во зголеменото лачење на ендорфин предизвикано од водењето љубов.


