ХРАНИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА СЕ ЧУВСТВУВАТЕ ПОДОБРО

Дали знаете што е заедничко помеѓу киселите краставички и маслинките? Не само што се вкусни, туку и во мали количини може да ги олеснат стомачните тегоби.
Секој ден за нас е различен. Има денови во кои се чувствуваме енергични и оние во кои изгледаме дека не сме во рамнотежа со нашите тела.

Болката и непријатноста се дел од овие моменти кои го нарушуваат нашиот нормален ритам. За среќа, постојат некои анти-воспалителни храни кои можат да помогнат да се чувствуваме подобро.

Ако имате болно грло, консумирајте црно чоколадо
Кога страдате од кашлица или чувствувате болки во грлото, јадете црно чоколадо, но со висок процент на какао. Научниците велат дека црното чоколадо може да ја потисне кашлицата и да ги ублажи болките во грлото, благодарение на силните антиоксидантни својства на какаото.

Кога страдате од главоболка, пијте повеќе вода
Една од најчестите причини за главоболката е дехидратацијата. За да се спречи недостатокот на течности во телото, се препорачува да пиете по 1 чаша вода на секои два часа. Кога балансот на течностите во телото е нарушен, тогаш системите во телото не работат правилно.

Куркума за ублажување на болката, предизвикана од некакво воспаление во телото
Куркумата е зачин кој има силни антиинфламаторни својства. Можете да ја додадете во јадењето, сосовите, млеко со мед и цимет итн. Клучната состојка во неа е куркуминот, кој исто така може да се најде во форма на додатоци во исхраната. Ако страдате од болки во зглобовите, додадете куркума во вашите рецепти.

Додадете банани на вашата исхрана за менструална болка
Бананите се богати со калиум и витамин Б6, и со нивна консумација се намалуваат мускулните грчеви, како и задржувањето на вишокот течности, што е нормално за време на месечниот циклус. Всушност, овој непријатен оток започнува за време на предменструалниот синдром. Затоа, за да се намали задржувањето на течности и интензитетот на абдоминалната болка, јадете банани наместо слатки и тестенини.

Нане за намалување на забоболката
Нането има освежувачки, антибактериски и обезболувачки особини благодарение на ментолот содржан во него. За да ја олесните забоболката, изџвакајте неколку свежи листови од нане.