ШПАГЕТИ ВО ДОМАШЕН ДОМАТЕН СОС

Состојки
1 пакетче шпагети
5 домати, излупени и исечкани на коцки
2 чешниња лук, ситно сечкани
1 лажиче мајчина душичка
1 лажиче сол
1/2 лажиче црвен пипер
2 главици кромид, ситно сечкан
1/2 лажиче шеќер

Сварете ги шпагетите во врела и солена вода. Доматите бланширајте ги многу кратко во врела вода и излупете ги. Исечете ги на половина, извадете им ги семките и исечете ги на коцки. Во тенџерче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете го кромидот да се пропржи и омекне. Потоа, додадете го лукчето. Ставете ги и доматите, измешате и додадете ги зачините. Се убаво измешајте и оставете неколку минути да се крчка. Сосот ставете го во блендер или измиксајте го со рачен миксер за да биде мазен сосот. Со готовиот сос прелијте ги претходно исцедените шпагети. Убаво измешајте. Од горе ставете фета или друго сирење.