И ЗА ЗДРАВЈЕ И ЗА УБАВИНА: СЕКОЈ ТРЕБА ДА ГО ИМА ДОМА

Најпознат е по детоксикација, односно чистење на телото. Се добива со посебен процес на преработка на обичен јаглен, со негово загревање во присуство на гас. Доаѓа во форма на прав или капсула.

Активниот јаглен работи на интересен принцип. Имено, кога ќе се внесе во желудникот, тој делува како сунѓер и низ порите ги впива сите штетни материи.

Тој е многу ефикасен во решавање на проблеми како што се дијареа, труење со храна и хемикалии, акутно труење со лекови и токсини, како и за регулирање на варењето (во случај на надуеност и грчеви)

  1. Против труење

Ова е најчеста употреба на активен јаглен. Има голема способност да апсорбира и врзува штетни материи, а одличен е и при труење на телото. Освен што врзува, има и функција да поттикнува ослободување на штетни материи. Покажува исклучителна ефикасност во случаи на труење со лекови, пестициди, жива, олово и други опасни хемиски елементи.

  1. Детоксикација

Неговата ефикасност во чистење на телото во случаи на труење го прави овој додаток одличен третман за детоксикација на телото од отрови кои се таложат подолго време. Ако одлучите да користите активен јаглен за чистење на вашето тело, важно е да ја пронајдете вистинската доза според вашата тежина и начин на живот.

  1. Ги намалува гасовите и ја ублажува дијареата

Се покажа дека овој додаток многу поволно делува на смирување на желудникот и на непријатните гасови, кои се јавуваат како резултат на храна која предизвикува надуеност. Ефикасно е и за ублажување на гадење.

Често се користи за ублажување на дијареата, поради неговата способност да ги врзува сите токсини и отрови, наместо да ја неутрализира желудочната киселина.

  1. Белење на заби

Активниот јаглен често се користи за избелување на забите и е многу ефикасен во тоа. Содржи честички кои ги избелуваат забите и ја балансираат pH вредноста во устата. Покрај тоа, го спречува и лошиот здив, проблеми со непцата и кариес. Исто така е една од состојките на многу пасти за заби.

  1. Го ублажува чешањето и осипите предизвикани од каснување од инсекти

Веќе кажавме дека активно ги врзува отровите и алергените, па затоа е одличен избор доколку ве касне инсект. Треба да земете јаглен во прав од една капсула и да го измешате со половина лажичка кокосово масло. Нанесете ја оваа смеса на погодената област на секои 30 минути додека не исчезне чешањето.



  1. Во служба на убавината

Активниот јаглен многу поволно делува на естетските проблеми како нечистотии и мозолчиња на лицето.

Како што успешно ги отстранува токсините од телото, активниот јаглен може да го исчисти лицето од непривлечните акни и мозолчиња.

За таа цел најдобро е да подготвите корисна маска за лице.

Измешајте половина капсула активен јаглен, една кафена лажичка гел од алое вера, пет капки есенцијално масло од чајно дрво, прстофат морска сол и една лажица вода. Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа нанесете ја на лицето, оставете да се исуши, а потоа добро исплакнете. Кожата ќе биде мазна, еластична и чиста.

  1. Ја чисти косата

Има моќ на апсорпција и ќе ги собере сите нечистотии и токсини од косата и скалпот.

Измешајте една лажичка активен јаглен во прав, две лажички шампон со природни состојки и половина лажичка топла вода. Нанесете ја смесата како обичен шампон на влажна коса, а потоа исплакнете со вода. Бидете внимателни: активниот јаглен може да ја обои вашата коса, па најдобро е прво да го тестирате овој рецепт на скриен прамен.