Италијанската актерка Софија Лорен е симбол на убавина, елеганција и шарм. Силна жена од која можеме да научиме многу за киното и животот. Еве некои од најнезаборавните цитати.
„За да се успее во тешка професија пред се бара верба во себе. Ова објаснува зошто луѓето со просечен талент и моќен внатрешен набој се пред другите со голем талент.
“За да бидеш секс симбол – треба да се родиш таков. Никогаш не стануваш таков. Ако го имаш во себе, ќе го имаш и кога ќе имаш 100 години”.
„Грешките се дел од цената што луѓето ја плаќаат за да живеат исполнет живот.
„Убавината не е физичка. Таа е израз на вашата внатрешна хармонија“.
„После сите овие години, сè уште се запознавам себеси. Многу е подобро да го проучуваш животот и да правиш грешки отколку да си играш на сигурно. Грешките се дел од цената што ја плаќаме за да живееме исполнет живот“.
„Се што гледате им должам на шпагетите.“
„Мислам дека сексапилот доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што е во една личност, без разлика што правите со градите, бутовите или усните.
„Ако никогаш не си плачел, твоите очи не можат да бидат убави“.
„Жена цврсто убедена во нејзината убавина ќе може да ги убеди сите останати во ова“.


