Дали овој човек има време за вас само кога нема други обврски? Ако одвојува време за вас само кога му одговара, тоа значи дека ве користи. И двајцата партнери во врската мора да бидат еднакви во ова прашање, што значи дека не е добро ако секогаш ги одложувате обврските кога тој сака да се види со вас. Исто така, ако сте само во неговите услови, тоа е лош знак.
Дали некогаш ви купил букет цвеќе или ве однел на вечера? Секако, не е се во купувањето скапи подароци, бидејќи она што е важно е вниманието. Значи, ако тој не се труди да направи нешто посебно за вас, да ве натера да чувствувате дека му сметате, тоа е знак дека само ве користи. Тој најверојатно ја гледа врската со вас само како погодна опција за секс
Дали завршувате во кревет со него апсолутно секогаш кога ќе се видите? Ако секој состанок што ќе ве замоли, завршува со двајцата во кревет, очекувајќи да заминете потоа, знаете за што зборува.
Навистина не треба да се дружите со некој кој не сака вашата врска да биде сериозна и официјална. За волја на вистината, сè што сака од вас е секс. Ако не може да ви се посвети така што ќе ви дава изговори како да сака работите „полека да одат“, треба што поскоро да му свртите грб на таков маж, бидејќи само го трошите вашето драгоцено време со него.
Некои момци сакаат да поставуваат одредени стандарди во односите кои самите не ги следат. Ако ви замерува што разговарате со други момци, но не гледа проблем во тоа да го прави истото со други девојки, сметајте дека поставил двојни стандарди во вашата врска. Тие се предупредување дека треба да ја напуштите таквата врска.


