КАФЕ СО ОВОЈ ДЕЛИКАТЕС Е „УБИСТВО“ ЗА ЖЕЛУДНИКОТ

За повеќето луѓе кафето е секојдневна навика, најмногу благодарение на кофеинот, кој е одговорен за подобрување на различните функции на мозокот, вклучувајќи ја меморијата, концентрацијата и нивото на енергија.

Кафето со чоколадо, како и со алкохол, помага да се опушти долниот сфинктер на хранопроводникот, што резултира со киселини (ждригавица), чувство на печење и рефлукс на содржината на желудникот во хранопроводникот. Со текот на времето може да дојде до воспаление на хранопроводникот.

„Еспресото е поконцентриран пијалак, содржи органски киселини кои го подобруваат процесот на варење, подобро делуваат со желудечниот сок“, објасниле лекарите и додале дека по неколку минути откако ќе се напиете еспресо секогаш треба да испиете и чаша вода.

Сепак, лекарите предупредуваат дека прекумерното внесување кафе има негативно влијание врз здравјето, пред се, на срцевиот мускул, бидејќи по пиењето се забрзуваат отчукувањата на срцето. Експертите забележуваат дека една или две шолји кафе на ден нема да имаат негативен ефект.