КАКО ДА БИДЕТЕ ПОПРОДУКТИВНИ?

  1. Одредете време за секоја задача
    Крајните рокови имаат голема моќ. Секогаш мислиме дека ќе почнеме на време да се подготвуваме, но не почнуваме сè додека не знаеме уште колку време имаме. Едно правило вели дека ако не одредиме краен рок за нешто, нема никогаш да го направиме. Кога мислиме дека имаме многу време, го исполнуваме со неважни работи. Но, кога ќе го скратиме периодот за некој проект, ќе направиме сè за да го завршиме во дадениот рок.
  2. Не читајте негативни вести пред да одите на работа
    Истражувачите откриле дека ако се изложите и само 3 минути на негативни вести, тоа ќе има влијание на вашето расположение и продуктивност.
    Гледајте вести само ако сте сигурни дека ќе бидат позитивни. Немојте да гледате телевизија или да слушате радио бидејќи голема е веројатноста да дознаете некоја лоша вест. Можете да следите многу страници на Фејсбук кои објавуваат позитивни вести и пораки кои ќе ве мотивираат во текот на денот.
  3. Излезете надвор и зближете се со природата
    Природата има неверојатна моќ да го смири умот.
    Па секогаш кога ќе се чувствувате уморно, излезете надвор и вдишете свеж воздух наместо да внесувате повеќе кофеин. Ако не сте во можност да излезете, доволно е да застанете и покрај некој прозорец за да се почувствувате подобро.