Иако скоро сите барем еднаш во животот сме се обиделе да избегнеме земање на антибиотици, понекогаш тоа навистина не било можно. Главната функција на овие лекови е да ги елиминираат бактериите кои предизвикуваат одредени болести на телото.
Иако имаат позитивни страни, тие имаат и некои негативни последици, кои можат да доведат до ослабен имунитет и уништување на „добрите“ бактерии во организмот. Затоа е важно да се балансира вашето тело по третманот со антибиотици. Како да се исчисти телото?
Земете антиоксиданси
Еден од најдобрите начини да се започне процесот на чистење на организмот е да се консумира храна богата со антиоксиданси, како овошје, зеленчук, зелен чај. Благодарение на нив, остатоците од антибиотици во клетките и крвта ќе бидат отстранети, а имунитетот ќе се подобри.
Витамин Ц
Витаминот Ц е исто така е моќен антиоксиданс што е добро да се вклучи како додаток во исхраната по третманот со антибиотици. Препорачаната дневна доза на овој витамин е 500 милиграми и не треба да ја надминувате, бидејќи телото ќе го отстрани вишокот.
Елиминирајте некои видови храна
По третманот со антибиотици, важно е како продолжувате да јадете кога сакате да го балансирате вашето тело. Постои храна што предизвикува воспаление, затоа обидете се да ги елиминирате и драстично да ги намалите шеќерот и шеќерните производи, преработената храна, скробот, пијалоци и храна со вештачки бои и засладувачи, мрсна храна. Многу од овие намирници се добра основа за развој на кандида.

Јадете ферментирана храна
Ферментираната храна е најлесниот начин да се врати цревната флора. Вклучете ја киселата зелка, киселите краставички, маслиновото масло, јогуртот…
Природниот процес на лактоферментацијата ни обезбедува корисни цревни бактерии кои ја подобруваат состојбата на цревата по земањето на антибиотици.
Желатин
Квалитетниот желатин е многу корисен за цревната флора. Дејствува како помошно средство за варење, бидејќи може да го смири дигестивниот тракт. Еден од најдобрите начини да добиете желатин е да направите домашна супа од коски.
Намалете го стресот
Секој антибиотски третман е причина за емоционален стрес. Загрижени сме дали ќе се опоравиме целосно, брзо. Откако ќе завршите со третманот, време е да го прилагодите размислувањето на друг бран – позитивен.
Стресот може да предизвика голем број стомачни тегоби и промени, кои вклучуваат промени во гастричните секрети, мукозна пропустливост и промени во функцијата на бариера на цревната лигавица.
Некои студии покажуваат дека стресот може да доведе до прекумерен раст на некои бактерии и да ја намали разновидноста на микробите во дебелото црево.


