КАКО ДА ЈА ИСПРАВИТЕ КОСАТА СО ПЕГЛА, А ДА НЕ ЈА ОШТЕТИТЕ!

Испеглајте ја косата според овие правила:

Поделете ја косата на рамни и тенки делови

Ова е првиот важен чекор, бидејќи големината на прамените влијае на тоа колку добро вашата коса ќе биде „испеглана“ и колку ќе биде оштетена.

Прамените не смеат да бидат премногу дебели за да може топлината од пеглата правилно да се распореди низ косата. Исто така, пред да поминете низ пеглата, проверете дали добро и темелно сте ја исчешлале косата.

Нежно повлечете ја пеглата на жиците

Нема брзање кога ја пеглате косата. Бидете нежни со вашата коса и тоа ќе резултира со убава, здрава и сјајна коса. Полека поминете ја пеглата преку секој прамен со еднаква брзина

Не поминувајте повеќе од еднаш

Ако ја поминете пеглата за коса 3-4 или повеќе пати на истиот прамен, ќе направите повеќе штета отколку корист. Високата температура може да ја оштети косата.

Уште неколку корисни совети:

  • Косата мора да биде чиста пред употреба на пеглата. Ако не, ризикувате дополнително да го оштетите;
  • Никогаш не ја пеглајте косата додека е мокра бидејќи тоа ќе ја дехидрира и ќе и го одземе сјајот. Се препорачува прво да се исуши, а потоа да се нанесе термичка заштита за косата (најчесто во форма на спреј)