Љубомората е особина која може и да го одржува жив и да го изгасне пламенот на љубовта. Во големи дози и без контрола е задушувачка и деструктивна. Сепак, оваа емоција е целосно човечка и речиси и да нема човек кој не ја доживеал и не ја сретнал. Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, многу е важно да ја држите под контрола за да не ја уништите врската со партнерот.
Еве како да го скротите „ ѕверот“ во вас:
Молчете
Наместо постојано да му поставувате куп прашања на партнерот кога поминува повеќе време надвор и со други луѓе, не разговарајте со него. Оддалечувањето секогаш го забележува вашиот партнер и затоа тој/таа брзо ќе се заинтересира за она што се случува. Искористете ја можноста да започнете конструктивен и смирен разговор и да објасните што точно ве мачи.
Грижете се за себе
Наместо да акумулирате негативна енергија и постојано да се убедувате себеси дека вашиот сакан е заинтересиран за некоја друга, подобро е да ги вложите сите свои напори во себе правејќи работи кои ви носат задоволство и ја подобруваат вашата самодоверба. Купете нешто убаво, одете на масажа или маникир… излезете со другарките на кино итн.
Истражувајте ја личноста на која сте љубоморни
Најдобар начин да знаете дали воопшто има смисла да се биде љубоморен на трето лице е детално да ја запознаете ситуацијата и него/неа. На тој начин, ќе можете од прва рака да видите дали навистина се случува флерт или дали тоа е само во вашата глава. Набљудувајте, спријатете се со оваа личност доколку е потребно и преземете ја контролата врз ситуацијата. Како што велат: Чувајте ги вашите пријатели блиску, а вашите непријатели уште поблиску.
Контролирајте ги емоциите
Една од најголемите грешки што можете да ја направите е да имате нервозни, емоционални испади и да почнете да го обвинувате партнерот за изневерување. Од една страна, ако не сте сигурни за ова, само ќе ја нарушите меѓусебната доверба. Од друга страна, вашата емотивност и драма може само да го влошат конфликтот.
За да ги постигнете своите цели, треба да имате контрола и да продолжите да се однесувате како и обично. Не му давајте на партнерот причина да се кара со вас, туку бидете навидум среќни и задоволни со вашиот живот. Ова исто така може да го натера да размисли дали навистина има смисла да ја ризикува неговата/нејзината врска со вас.
Обратна психологија
Обратна психологија е моќно оружје во многу ситуации. Наместо да го ограничувате партнерот, дајте му целосна слобода да излегува со кого сака. На тој начин ќе се збуни, ќе се прашува дали сè уште сте заинтересирани за него и сам ќе го бара вашето внимание и друштво.


