КАКО ДА ЗАПОЧНЕТЕ МАЛ ОНЛАЈН БИЗНИС

Интернетот е толку брз што една година онлајн е еднаква на околу пет години во реалниот свет. Но, принципите за почнување и развивање успешен онлајн бизнис, воопшто не се променети.

Постојат докажани чекори кои можете да ги следите за да постигнете загарантиран успех:

1.Најдете потреба и креирајте решение за неа.
2.Креирајте содржина која продава.
3.Дизајнирајте и креирајте веб страна која е лесна за користење.
4.Користете ги пребарувачите за да донесете посетители на вашата веб страна.
5.Изградете репутација како експерт.
6.Останете во контакт со вашите клиенти и претплатници преку емаил.
7.Зголемете го вашиот приход преку продажба.

Чекор 1: Најдете потреба и креирајте решение за неа.


За да ги зголемите вашите шанси за успех, започнете со барање на пазар. Тајната е да се најде група на луѓе кои бараат решение за одреден проблем, но не наоѓаат многу резултати. Интернетот го прави овој вид истражување на пазарот лесен:

  • Посетете онлајн форуми за да видите кои прашања ги поставуваат луѓето и кои проблеми се обидуваат да ги решат.
  • Направете истражувања за клучни зборови, за да најдете клучни зборови кои ги бараат многу луѓе, но за кои не се натпреваруваат многу сајтови.
  • Проверете ги вашите потенцијални конкуренти со посета на нивните веб страни и земете го во предвид она што го прават за да одговорат на побарувачката. Потоа можете да го користите она што сте го научиле и да создадете производ за пазар кој веќе постои – и направете го тоа подобро од конкуренцијата.

Чекор 2: Креирајте содржина која продава.


Има докажана формула за креирање содржина за продажба која се поврзува со посетителите од моментот кога ќе пристигнат на веб страната до моментот кога ќе направат купување:

  • Предизвикајте интерес со интересен наслов.
  • Опишете го проблемот кој вашиот производ го решава.
  • Утврдете го вашиот кредибилитет како решавач на овој проблем.
  • Додајте препораки од луѓе кои го користеле вашиот производ.
  • Зборувајте за производот и како тој му користи на корисникот.
  • Направете понуда.
  • Дадете гаранција.
  • Креирајте итност.
  • Побарајте купување.

Во текот на целата ваша содржина за продажба, треба да се фокусирате на тоа како вашиот производ или услуга е уникатно способен да ги реши проблемите на луѓето или како ќе им помогне да ги направат своите животи подобри.

Чекор 3: Дизајнирајте и креирајте веб страна која е лесна за користење.


Откако ќе го добиете вашиот пазар и производ и го усовршите вашиот процес на продажба, следен чекор е да ја подготвите веб страната за вашиот бизнис. Запомнете да ја задржите едноставноста. Имате помалку од пет секунди за да го привлечете вниманието на посетителите – во спротивно, нема да се вратат повторно. Еве неколку совети:

  • Изберете еден или два обични фонтови на бела позадина.
  • Направете ја вашата навигација јасна, едноставна и иста на секоја страница.
  • Користете графика, аудио или видео само ако ја подобрат вашата порака.
  • Вклучете понуда за да можете да соберете емаил адреси.
  • Направете го процесот на купување лесен – не повеќе од два клика помеѓу потенцијален купувач и купување.
  • Вашата веб-страна е вашата онлајн продавница, направете ја пријателска за корисниците.

Чекор 4: Користете ги социјалните медиуми за да донесете посетители на вашата веб страна.


Aко се користaт правилно, социјалните медиуми може да станат одличен извор на посетители кој може да ви помогне да воспоставите успешен онлајн бизнис.

Кога водите кампања на социјалните медиуми со намера да привлечете поголем број на посетители кон вашата веб страна, можете да ги користите следните начини за да ја направите кампањата поефикасна.

  • Додајте го URL-то на вашата веб страна на профилите на социјалните медиуми
  • Користете #hashtags ефективно
  • Користете рекламирање на социјални медиуми
  • Овозможете им на корисниците да ја споделат вашата содржина
  • Користете слики со вашите објави
  • Објавувајте редовно
  • Одговарајте на коментари или споменувања
  • Измерете ги резултатите

Чекор 5: Изградете репутација како експерт.


Луѓето го користат интернетот за да најдат информации. Обезбедете ги тие информации бесплатно на други сајтови, и ќе видите голем број на посети и подобро рангирање на пребарувачите. Тајната е секогаш да вклучувате линк до вашата страница со секоја информација.

  • Креирајте бесплатна, стручна содржина. Креирајте статии, видеа или било каква друга содржина што луѓето ќе ја сметаат за корисна.
  • Вклучете ги линковите “испрати на пријател” на вредни содржини на вашата веб-страна.
  • Станете активен експерт во индустриските форуми и сајтовите за социјално вмрежување каде што поминуваат време вашите целни пазари.


Чекор 6: Останете во контакт со вашите клиенти и претплатници преку емаил.


Кога ќе почнете со градење на листата, создавате едно од највредните средства на вашиот онлајн бизнис. Доколку вашите клиенти и претплатници ви дадат дозвола да им испраќате емаил пораки, тоа значи дека:

  • Ќе им дадете нешто што побарале.
  • Развивате долготрајни врски со нив.
  • Одговорот е 100% мерлив.

Чекор 7: Зголемете го вашиот приход преку продажба.


Една од најважните интернет маркетинг стратегии е да развиваме долготрајни вредности на секој клиент. Најмалку 36 проценти од луѓето што купиле од вас еднаш ќе купат од вас повторно ако ја одржите комуникацијата со нив. Завршувањето на првата продажба е најтешкиот дел. Еве како да ги поттикнете клиентите да продолжат со купување на вашите производи или услуги:

  • Нудете производи кои го надополнуваат нивното прво купување.
  • Испрати електронски купони за лојалност што можат да ги искористат при нивното следно купување.
  • Понудете поврзани производи на вашата “Thank you” страница откако ќе го направат купувањето.
  • Наградете ги вашите клиенти за нивната лојалност и тие ќе станат уште полојални.

Ако сте на интернет некое време, направете брз преглед и проверете дали има чекор што го занемарувате, или никогаш не сте се обиделе да го направите на прво место. Не може да погрешите со основите.