За подготовка на домашниот кечап ќе ви биде потребно:
4 килограми мелени домати
200 грама шеќер
120 грама густин
мала шолја оцет
80 грама сол
две лажици оригано
Подготовка:
Од 4 килограми сомелните домати, одвоите половина литар, смесата да биде ладна и помешајте ја со сите други состојки. Преостанатите домати варете ги половина час и додајте ја разматената смеса, а потоа варете се заедно уште 10 минути со повремено мешање.
Ако планирате да стои подолго, односно да го имате и преку зимата ставете и една кесичка конзерванс.
На здравје!