КАКО СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СОНУВА ДА ГО ПРОСЛАВИ ДЕНОТ НА ВЉУБЕНИТЕ

На празникот на љубовта рестораните се преполни со заљубени парови, но дали е ова начинот на прославување од соништата и што навистина ќе го израдува срцето на вашата сакана?

Денеска ви пренесуваме како секој хороскопски знак сака да го прослави празникот на љубовта:

Овен

Желбата за авантура кај Овенот постои и на Денот на вљубените. Овие луѓе сакаат нови искуства наместо традиционални подароци. Па, оставете ги дома кутиите во облик на срце и сентименталните картички.

Бик

Девојките Бикови обожаваат да го слават Денот на вљубените, се додека не претерувате. Големите љубовни гестови се добри, но за нив поважна е личната врска.

Близнаци

Најдобрата особина на Близнаците е нивната приспособливост. Тие ќе ја прифатат секоја понуда, па дури и ќе ја прескокнат прославата. Тие едноставно не го сфаќаат Денот на вљубените премногу сериозно и не знаат зошто се крена толкава врева околу тоа.

Рак

Емотивниот знак потајно се надева на вистинска прослава на овој празник. Тие сакаат балони во облик на срце , ливчиња од роза и чоколадо.

Лав

Лавовите се познати по својата лојалност и љубов, па на Денот на вљубените гледаат можност да ги покажат тие чувства. Наместо да го чекаат партнерот, поголема е веројатноста да испланираат нешто.

Девица



За практичните Девици, сосема е во ред да не го слават празникот. Тие не гледаат причина да трошат пари на цвеќиња кои на крајот ќе венеат.

Вага

Вагите ги следат нивните срца, па признаваат или не, Денот на вљубените е важен празник за нив. Силно се надеваат на изненадување или некаков романтичен гест.

Скорпија

Страсните Скорпии не го игнорираат овој празник, но со задоволство би го поминале на грб… и тоа во уште неколку интересни пози.

Стрелец

Расположените и забавните Стрелци не се „луди“ по романса на Денот на вљубените, но ја ценат можноста да го поминат денот со оние што ги сакаат, без разлика дали се работи за партнер или пријатели.

Јарец

Јарците се убедени дека овој празник е создаден за трошење пари. Па, тие навистина не сакаат да го прослават. Во ред е да ги однесете на вечера, но не очекувајте да бидат среќни поради плишаното мече.

Водолија

Не е дека водолиите не сакаат романса, но тоа едноставно не е нивна работа. Сепак, никогаш нема да ја одбијат можноста да прослават со пријателите. Па, на 14 февруари тие претпочитаат да го прослават Денот на пријателите.

Риби

Никој нема понесебично срце од Рибите кои вистински го сакаат Денот на вљубените. Омилен дел им се подароците, но не оние што ги добиваат, туку оние што ги даваат. Истото важи и за сите други празници и прослави каде се работи за подароци