Алфа мажите се сон на секоја жена. Припадничките на понежниот пол не би се нарекувале така да не беа нежни, кревки и незаштитени. Колку и да е некоја жена самоуверена, самостојна и успешна, секогаш ќе посакува покрај себе да има јак, сигурен и реализиран маж, кој ќе знае да го добие она што го сака. Доколку во вас се крие вистински маж, но не знаете како да го покажете тоа во јавност, прочитајте ги овие совети кои ќе ви помогнат околу тоа.
Какви карактерни особини имаат вистинските мажи?
Имајте свои принципи. Жените „паѓаат“ на мажи коишто имаат свои закони до кои цврсто се држат. Секако, треба да имате и способност да направите отстапка од вашите правила, кога тоа е навистина потребно.
Барајте ги од другите, само оние работи коишто и вие ги давате. Доколку очекувате од вашата партнерка да ви се извини кога ќе задоцни на договорениот состанок, гледајте и вие да го сторите истото кога и вам ќе ви се случи да задоцните, а верувајте на секој му се случува.
Кога нешто ќе ветите, остварете го по секоја цена. Во речениците коишто ги кажува вистинскиот маж, секогаш може да се верува, па ако сте еден од нив, треба да бидете исполнителни.
Бидете џентлемен. Секогаш слушајте ги желбите и потребите на вашата дама и однесувајте се со љубов и почит спрема неа.
Вистинскиот маж е скромен и благодарен. Меѓутоа, поседува и авторитет со кој влева почит и сигурност, секогаш спрема сите се поставува човечно, освен во ситуациите кога некој ќе го испровоцира, но и тогаш достоинствено го брани својот став. Тој ги почитува жените од сите генерации, обидувајќи се никогаш ниедна да не повреди. Тој знае дека децата се дар од Бога и ќе настојува целото слободно време да го помине со семејството.
Имајте свои соништа и трудете се да ги остварите со напорна работа. Вистинскиот маж е свесен за своите обврски и се обидува максимално да ги исполни, но никогаш не ги запоставува блиските љубени луѓе околу него поради нив. На работа работи, а дома е сопруг и татко за почит.
Мачо-мажот води сметка за својот изглед. Ова не значи дека сте зависни од козметика, но се трудите да изгледате што е можно подобро, се грижите за сопствената хигиена и сакате добро да се облекувате.
Вистинскиот маж се грижи за својот дом. Сте влегле некогаш во домот на некој ценет директор, кој сам постигнал голем успех во животот? Кај него нема расфрлани кутии од изедена пица, нема маици и чорапи на подот и дефинитивно не ги користи неплатените сметки како подлога за шишето со пиво. Тој не би бил раководител на ниедна територија, доколку претходно не бил господар на сопствениот дом.
Алфа мажјаците се свесни за сето она што се случува околу нив и се исклучително интелигентни. Бидете добро информирани и трудете се секогаш да им дадете паметни совети на луѓето во вашето окружување.
Грижете се за немоќните. Обидувајте се да им помогнете на оние на кои помош им е потребна, но не и на оние коишто можат сами да си помогнат, но не сакаат или не се трудат доволно.
Одете исправено, сигурно и покажете дека немате од кого да се криете. Бидете забележани, грациозни и полни со самодоверба.
Бидете искрени. Не измислувајте приказни за да делувате дека сте подобри или помоќни отколку што навистина сте.
Прифаќајте ги поразите и обидувајте се да не ги повторувате истите грешки. Никогаш не обвинувајте ги другите за она што самите сте го предизвикале. Така ќе делувате како слабаци.