КЕКС СО ЈАБОЛКА И ВАНИЛА

Состојки:
– 2 јајца
– 250 гр. путер
– 400 гр. шеќер во прав
– 275 гр. брашно
– 2 лажички цимет
– 1 лажичка сода бикарбона
– ½ лажичка сол
– 1 лажичка ванила
– 500 гр. јаболка, излупени и исечени

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата за торта и посипете со брашно. Изматете го путерот со јајцата. Додадете ги шеќерот, брашното, циметот, сода бикарбоната, солта и ванилата. Убаво изматете со миксер. Додадете ги јаболките. Истурете ја смесата во тавата. Печете 30-40 минути.

На здравје!