КНИГА НА ДЕНОТ – ТИ СИ МОЈОТ ЖИВОТ ОД МИЛИЈАНА ПАВЛОВСКА

…Ја позеде со растреперени раце
и треперлив глас, извика. – Кај си, сон-
це на мама. Кај си, среќо моја. Само
да знаеш колку долго те чекав. ТИ СИ
МОЈОТ ЖИВОТ! Да си ми жива и здра-
ва сто години. Твојата љубов мене да ме
грее, а мојата тебе. Никогаш ништо да
не нè раздели. – Подавајќи ѝ ја на Васка
спушти еден нежен бакнеж на нејзино-
то чело. – Ова е најсреќен ден во мојот
живот. Ти благодарам, Сергеј, што не
ме остави сама… – Солзите пак потекоа
низ нејзиното лице. Радост и тага во
моментот беа испомешани.