КНИГИ КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО ПОДОБРИТЕ НАЧИНОТ НА РАЗМИСЛУВАЊЕ

 „Добри вибрации, добар живот“ од Векс Кинг

Векс Кинг во оваа книга им објаснува на читателите како преку медитација можат да ги надминат неуспесите, да ги претворат негативните во позитивни мисли и да бидат среќни.



 „Белешки за себеси“ од Конор Франта

Франта преку приказни, поезија и фотографии успева на најкреативен начин да направи самоанализа. Иако е познат по својот хумористичен пристап на социјалните медиуми, сепак во неговата книга опфаќа посложени теми како клиничка депресија, социјална анксиозност и самољубие.