КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ЖЕНСКОТО НЕВЕРСТВО?

Ако жената решила да ве изневери, тогаш можеби имала сериозни причини. А најдоброто нешто што мажот може да го направи во овој случај е да го анализира своето сексуално однесување, советуваат психолозите и сексолозите.

Експертите укажуваат на три главни знаци на неверство на жената. Прво, таа се труди да не се покажува, да не се разубавува, ниту да се облекува светло, туку да изгледа понезабележливо. Секоја жена е добар стратег и на овој начин се труди да не го привлекува вниманието кон себе во моменти кога, всушност, има основа за сомнеж.

Второ, таа станува премногу загрижена. Чувствувајќи се виновна, таа се обидува на секој начин да ја затапи својата вина. Кошулите ви се одлично испеглани, таа почесто готви, никогаш не одбива секс. Но, нејзините очи не се инспирирани и блескави, тие покажуваат лажна загриженост. Сепак, тоа треба да се сфати и разбере.



И трето, таа веќе нема никакви претензии. Ако порано мрчеше, сега се и одговара. Веќе не и пречат некои ваши маани, само е задоволна со вас и сите ваши понуди.

А кои се причините за изневерувањето?

  • Сексуално незадоволство, недостаток на љубов или одмазда за некој несоодветен машки чин
  • Рутината каде што му здосадува креветот, истите пози и на крајот секс со иста личност
  • Занемарување. Мажот категорично одбива да експериментира во кревет. Така, од сексот остануваат само монотони движења, кои ја раѓаат желбата за бегство од него.
  • Егоизам, каде мажот мисли само на своето задоволство и е фокусиран само на својот оргазам. Додека жената треба да чувствува дека е посакувана.
  • Страв и недоверба. Жената се плаши да не забремени или е во состојба на стрес од прекумерната сексуална агресија на мажот.
  • Големината. Жената можеби не е задоволна од големината на пенисот. И ова е навистина добра причина. Ова е навистина многу важно во сексуалните односи.