Воздушното и меко тесто, како и неодоливиот мирис на ориганото ќе ги направат овие колачи ваш омилен појадок уште при првиот залак! Колачи со лук, ким, оригано и маслиново масло одат добро со грчки јогурт, а може да ги јадете следниот ден откако ќе ги направите.
Состојки:
- 1 кг брашно
- 2 јајца
- 1 / 2л млеко
- 1 дл вода
- 1,5 дл масло
- 1 коцка свеж квасец
- лажичка шеќер
- лажичка сол
- 1 јајце за обложување
- 1 дл маслиново масло
- 4 чешниња лук (ситно сецкан)
- оригано или некој друг зачин што го сакате
- лажичка ким
Подготовка:
Во малку топло млеко додадете го шеќерот и квасецот. Оставете петнаесет минути да стаса квасецот. Во меѓувреме, изматете ги јајцата. Додадете ги млекото, водата, шеќерот, солта и маслото. Додадете го квасец, и сè мешајте полека.
Постепено додавајте брашно и месете го тестото со рацете. Кога ќе престане да се лепи за вашите раце, тестото е подготвено. Оставете го во сад и премачкајте го со малку масло за да не се исуши неговата површина. Покријте го садот со влажна крпа и оставете го на собна температура околу 2 часа, да нарасне.
Кога тестото ќе се крене, формирајте 12 топчиња со приближно иста големина. Наредете ги на плех обложен со хартија за печење и оставете ги да отстојат уште триесет минути. Топчињата премачкајте ги со едно изматено јајце и печете ги на 180 степени додека не добијат златна боја.
Кога колачите ќе се испечат, премачкајте ги со маслиново масло, ситно сецкан лук и оригано. Оставете ги колачите да ја впијат марината, посипете ги со ким и послужете ги додека се топли. Уживајте во вкусни колачи и арома што ќе ја исполнат целата куќа.
На здравје!