КОРЕНОТ НА ОВАА БИЛКА Е ЛЕК ЗА НЕСОНИЦА

Коренот на валеријана содржи масла, естри и други соединенија кои како активни состојки се одговорни за способноста на коренот на ова растение да произведува смирувачки ефект врз централниот нервен систем.

Името на растението валеријана доаѓа од „Valeria“ и латинскиот глагол „valere“ што значи „да се биде силен, здрав“. Се користи како лековито растение уште од времето на Античка Грција и Рим.

Хипократ ги опишал неговите својства, а Гален подоцна го препишал како лек за несоница. Се користел и како лек за епилепсија до 19 век. Истражувачите откриле дека изовалеринската киселина, хемикалија која се наоѓа во ова растение, може да спречи напади, слично на антиконвулзивниот лек валпроична киселина.

За подобар сон

Истражувањата покажуваат дека валеријаната го скратува времето потребно за да заспие и го подобрува квалитетот на сонот. За разлика од многу лекови, валеријаната има помалку несакани ефекти и многу поретко предизвикува т.н утринска поспаност.

Во една студија спроведена од Здравствениот центар Фелинге во Шведска, ефектите на валеријаната врз несоницата биле многу добри. Од учесниците во студијата, 44 отсто пријавиле совршен сон, додека 89 отсто изјавиле подобар сон по консумирање корен од валеријана. Понатаму, не беа забележани негативни ефекти кај оваа група учесници во студијата.

Коренот на валеријана често се комбинира со други седативни билки како што се хмељ и маточина за лекување на нарушувања на спиењето. Студијата на деца со благи проблеми со спиењето објавена во списанието Phytomedicine покажа дека 81 процент од децата кои земале билна комбинација од валеријана и маточина изјавиле дека спијат многу подобро од оние кои земале плацебо.

Ја намалува анксиозноста

Научниците открија дека коренот на валеријана, особено валеринската киселина, ја зголемува количината на гама-аминобутерна киселина.

Лековите како алпразолам и диазепам исто така делуваат со зголемување на количината на ова соединение во мозокот.

Овој хербален лек може да ги има истите антианксиозни ефекти како и лековите на рецепт без негативните ефекти на психотропните лекови. Важна забелешка, сепак, е дека ако земате други седативи или антидепресиви, не треба да земате валеријана во исто време. Ова се однесува на чаеви, тинктури или екстракти од капсули, како и сите други препарати кои содржат валеријана.