Родителите влијаат на нашите животи на многу повеќе начини отколку што сфаќаме. Не само што личиме, туку имаме и слични преференци за храна, навики или едноставно звучиме како нив. Но, најважниот придонес е што нè водат низ ова патување наречено живот. Тие не обликуваат во возрасните што сме сега.
Нашите мајки, особено, прават многу повеќе отколку што мислиме. Тие се силата на која се потпираме кога се соочуваме со животните тешкотии. Еве некои од работите што ги учиме кога не воспитува силна мајка.
- Ја учиме вредноста на независноста
Порано или подоцна сфаќаме дека не ни треба маж да не спасува или да се грижи за нас. Имаме прекрасен пример пред нас дека животот може да биде среќен дури и ако не се дели со друг. Учиме дека можеме да изградиме дом, да воспитуваме деца, да готвиме и да миеме садови додека градиме кариера. - Го разбираме значењето на безусловната љубов
Сме виделе како нашата мајка го жртвува своето време, здравје и младост за нас, но никогаш не се пожалила. Напротив, и во најтешките денови секогаш радосно се смешкала, давајќи се повеќе и повеќе од себе. Таа не научила како изгледа несебичната и безусловна љубов, а знаеме дека таа љубов нема да можеме да ја најдеме никаде на друго место. - Учиме како да се сакаме себеси
Учиме дека лошите оценки, раскинувањето и неуспесите не не дефинираат. Она што навистина не дефинира е она што го постигнуваме после сè и како повторно ќе застанеме на нозе. Со текот на времето, почнуваме да ги поставуваме нашите приоритети и да ги цениме сопствените потреби. - Сфаќаме дека можеме да бидеме силни и нежни во исто време
Силните мајки обично се многу чувствителни, но тоа само го кријат подобро од другите. И покрај неизмерната сила на духот што ја поседуваат, овие жени плачат кога не се чувствуваат добро, страдаат со и за децата и остануваат будни цела ноќ размислувајќи за проблемите на своите најмили. - Не учат на трпение и верба
Невремето ќе помине и утре е нов ден. Учиме да бидеме трпеливи со животот, со времето, со луѓето околу нас. Затоа што трпението е моќ.


