МАСАЖАТА НА УШИТЕ ГО НАМАЛУВА СТРЕСОТ

Луѓето различно се справуваат кога се под стрес, но масажата на ушите е непознато, но многу ефикасно средство за релаксација.

Додека некои се пријавуваат за различни спортови, а други користат помош од професионалец, постои лесен начин да ја намалите напнатоста со масирање на ушите.

Стимулирањето на горниот дел од ушите може да ве ослободи од негативните емоции. За само неколку минути стресот кој го зафатил целото ваше тело ќе исчезне, велат експертите. Исто така, докажано е дека оваа точка на увото може да ги намали и различните болки во телото.