МИНЕВРА: БОЖИЦА НА ИЛЈАДА РАБОТИ

Минерва е римска божица на мудроста. Таа исто така била божица на трговијата, уметноста и стратегијата за време на војната. Таа била одговорна за толку многу работи што Овидиј ја нарекол „божица на илјада работи“ и овој прекар ја прогонува со векови.

Се верувало дека таа ги измислила римските броеви, како и различните музички инструменти. Многу научници веруваат дека обожавањето на Минерва во Римската империја било продолжение на култот кон Атина, грчката божица со која била изедначена Минерва. Многу е веројатно дека нејзиниот имиџ е претставен во Италија од Етрурците, кои ја нарекувале Менвра.

Минерва е секогаш насликана со хитон – најпозната облека од архаичниот период и класичната антика. На многу нејзини статуи е прикажана со копје и штит во рацете за да биде претставен нејзиниот интерес за војната. Но, всушност, таа е таа што често може да се најде како им нуди маслиново гранче на поразените. Може да се каже дека Минерва е милостив победник во војната која има симпатии кон послабите.
Откако грчкото влијание почнало да станува опипливо и Атина влијаела на имиџот на Минерва, нејзиниот симбол станал був, кој и до денес продолжува да претставува мудрост. Една од најпознатите легенди за неа е дека еден ден боговите имале натпревар да создадат најкорисно нешто за луѓето. Нептун направил коњ и благодарение на силното животно се нашол меѓу финалистите. Сепак, Минерва го создала маслиновото дрво. Маслиновото масло и маслинките биле многу важни за медитеранските култури, за што сведочи и фактот дека таа била победник на натпреварот.

Култот кон Минерва е присутен и денес. Денес, црквата наречена Санта Марија- Минерва се наоѓа во поранешниот храм на Минерва. Интересот за божицата во науката е се уште акуелен и многу интересен и до ден денес.