МОЌЕН СОК ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА

Повеќето од вас веројатно се прејадуваат и претеруваат со пиење за време на празниците, па затоа е добра идеја да се фокусирате на полесна храна и да го ограничите консумирањето алкохол. Можете да пробате и 3-дневна детоксикација – пијте само свежо цедени сокови и вода 3 дена (најчесто). Се препорачува да пиете сок за детоксикација на секои 2 часа и да бидете доследни за да не ви падне нивото на шеќер во крвта и да се чувствувате добро.

Овој режим ви помага брзо да изгубите тежина, да ја подобрите апсорпцијата на хранливи материи и да го прочистите вашиот црн дроб.

Ќе ви дадеме рецепт за зелен сок за детоксикација, кој е совршен баланс помеѓу овошјето и зеленчукот.

Потребни производи:

2 зелени јаболка, исечени на половина

3 стебленца целер, без листови

1 краставица

8 листови зелка

1/2 лимон, излупен

1 парче свеж ѓумбир

по желба гранче нане

Начин на подготовка:

Добро измијте ги сите производи, исечете ги на парчиња и ставете ги во соковник (најдобро за ладно цедење за да се зачуваат сите хранливи материи).