ДОКАЖАН РЕЦЕПТ ЗА НАСТИНКА

Погледнете како да го подготвите овој еликсир од ѓумбир, кој многу помага при настинки.

Ви треба:

1 излупен лимон без семки

корен од ѓумбир

мед



Начин на подготовка:

Во блендерот ставете ги лимонот и ѓумбирот, па додајте течен багремов мед или друг по желба (приближно иста количина како изблендираниот лимон и ѓумбирот). Оваа слатко-кисело-зачинета смеса може да се јаде со лажица или да се додаде во чај и други пијалоци. Заштедете време – направете го тоа еднаш, користете го многу пати.

Со текот на времето, може да почне да ферментира, но не го менува својот прекрасен вкус. На овој начин ќе имате природен ензим од ѓумбир, погоден за правење природни газирани пијалоци и се што има потреба од ферментација.