„Ако ги погледнете веѓите , под услов да не сте ги искубале или обоиле, може да најдете некои знаци на здравствени проблеми“, вели д-р Амир Кан.
Разредени веѓи
„ Ако веѓите ви се тенки, особено однадвор, ова може да биде знак за слаба функција на тироидната жлезда “, предупредува д-р Кан.
Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони, може да се појави замор, зголемување на телесната тежина, чувство на безнадежност и депресија. Но, истенчувањето на веѓите може да биде знак и за недостаток на хранливи материи, особено железо. Други симптоми на недостаток на железо може да вклучуваат отежнато дишење, палпитации и бледа кожа.
Веѓи кои се лупат
Овој знак, во комбинација со лушпеста кожа, може да укаже на псоријаза . Тоа е автоимуна болест која предизвикува дамки на кожата кои формираат сребрено-бели или сиви лушпи, објаснуваат експертите.
Недостаток на веѓи
Доколку забележите дека веѓите не ви растат, па дури и почнуваат да се намалуваат без да ги кубете, ова може да биде предупредувачки знак дека имате алопеција, рекол докторот. Алопеција е медицински термин за губење на косата, што може да има многу причини.
Лекарите предупредуваат да не игнорирате ниту еден од овие симптоми и да се консултирате со вашиот лекар доколку имате некој од нив.


