Здраво тело и убава кожа се можни само со две одлични и евтини состојки: ориз и вода.
Ако не сте чуле за овој антички кинески лек, сега е вистинско време да откриете какви се сите здравствени и козметички придобивки ако користите вода од ориз.
Здравствени придобивки:
На телото му дава енергија и ја зголемува концентрацијата на јаглехидрати.
Успешно лекување на гастроентеритис.
Одлична превенција од карцином.
Го регулира високиот крвен притисок.
Ја регулира телесната температура.
Како превенција и третман на запек.
Козметички придобивки:
Миењето на лицето со оризова вода ја прави кожата помека.
Тоа е одлична замена за тоник.
Помага во стеснување на порите на лицето.
Миењето на косата со оризова вода помага вашата коса да добие сјај и да остане здрава.
Како да се подготви вода од ориз?
Иако можеби сте прочитале на повеќе места дека водата во која миете ориз е оризова вода, тоа всушност не е точно. Можете исто така да ја користите оваа вода, но нема да ги соберете сите придобивки, затоа подгответе вистинска вода од ориз на следниов начин:
Оставете го оризот да зоврие во водата и ставете повеќе вода отколку што вообичаено ставате за да го подготвите оризот. Водата подготвена на овој начин е вистинска вода од ориз. Може да ја пиете топла или да ја оставите да се олади, а може и да го исплакнете лицето да ка користите како тоник или да ја нанесете на косата.