Состојки
5-6 компири
200- 250 гр. кашкавал
250 мл. неутрална павлака (хопла)
малку масло
вегета и бибер по вкус
Подготовка
- Состојките се за плех од шпорет. Ако правите во помало тавче намалете ги.
Се лупат компирите и се сечат на кругови колку што може потенко. Се редат на намастен плех скалесто додека да се исполни целиот плех. Зачинете одозгора. - Врз компирите се ренда кашкавалот да се покријат компирите и потоа рамномерно насекаде се сипува од павлаката.
- Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути се додека компирот да се испече и одозгора да добие убава румена боја.
Лесна и вкусна варијанта за подготовка на компир која не одзема многу време.
Добар апетит!