НЕДОСТАТОКОТ НА СОН КАЈ ДЕЦАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ОПАСЕН

Сите знаеме колку е важен здравиот сон и за возрасните и за децата.

Ако не спиеме добро, нема да се чувствуваме исполнето, а освен тоа, може да дојдеме и до некои проблеми со менталното здравје.

Научниците дошле до заклучок дека децата кои страдаат од нарушувања на спиењето се повеќе склони кон развој на ментални нарушувања во споредба со нивните врсници.

Ова е докажано со резултатите од експериментите спроведени на Универзитетот во Хјустон.

Педијатрите потврдуваат дека здравиот сон е неопходен за нормално формирање и функционирање на нервниот систем кај децата, а неговиот недостаток штетно влијае на нивната самодоверба.

После две непроспиени ноќи, децата не можат да уживаат во омилените активности, а се намалува и нивната физичка активност. Со други зборови, ако детето е поспано во текот на денот, тоа значи дека неговиот ноќен сон бил слаб.