Татковците се таму за да пружат поддршка, да и помогнат .Сепак, тие обично не очекуваат се што ќе видат таму, па често се однесуваат чудно. Кажуваат вицови кои не се смешни, се трудат да направат нешто што воопшто не е од помош и слично. Во моментот кога чувствува толку силни болки и кога хормоните полудуваат, жената навистина не сака да слуша некои работи.
Така мајките споделија што зборувале нивните сопрузи додека се пораѓале.
- Сакаш да испеам нешто за да ти олеснам?
- Уште колку треба да се отвори?
- Што смрди?
- Не сум подготвен за ова
- Боже, колку време трае ова
- Нема шанси да боли толку многу
- Дали сакаш да те сликам или да направиме селфи?