Гламур е зборот што најдобро ја опишува премиерата на филмот за Куќата Гучи. Главната улога и припадна на Лејди Гага, која самата ја изгради улогата, не сакајќи ни да ја запознае Патриша Реџиано (која ја глумеше) и која беше страшно навредена.
И додека со нетрпение очекуваме да ја видиме Лејди Гага како го „извади ликот“, ја гледавме и додека позира на црвениот тепих. Облечена во виолетова креација со потписот на Гучи, Гага доминираше.
Под фустанот носеше беж корсет, мрежести црни чорапи и препознатливи чизми со висока платформа.