НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ, НО СОКОТ ОД КОМПИРИ НАВИСТИНА ПОМАГА

Компирите се еден од најчесто користените прехранбени производи. Ги вклучуваме во голем број јадења – пржени, печени, варени… Секогаш се исклучително апетитни и ние уживаме да ги јадеме. Сепак, дали некогаш сте помислиле дека и сокот од овој зеленчук може да биде многу корисен, доколку знаеме како правилно да го користиме?

Сокот од компири содржи голем број корисни витамини од групата А, Б, Ц, како што се и. протеини и влакна. Ако одлучите да го измешате со сок од цитрус, придобивките ќе бидат уште поголеми. Најкорисен е сокот од црвен компир.

Компирите треба да се натопат во мешавина од оцет и вода. Потоа се мијат под млаз вода и дури тогаш може да се исцеди нивниот сок. Имајте на ум, сепак, дека сокот од компир не е многу пријатен по вкус, па затоа ви предлагаме да го измешате со сок од морков, што значително ќе го подобри неговиот вкус.



Еве за што е исклучително корисен сокот од компир:
• Помага во отстранување на флеките на кожата;
• Корисен за изгореници од сонце, ја смирува кожата;
• Помека и помазна кожа;
• Помага за отстранување на брчките на лицето;
• Помага да се отстранат темните кругови под очите;
• Ја избелува кожата;
• Го чисти телото од токсини.

Сокот може да се зема орално и може да се користи како тоник за лице. Без разлика како ќе ги искористите неговите својства, сигурно ќе добиете голем број на придобивки. Освен се останато што го спомнавме досега, поволно делува и на дигестивниот систем. Се вели дека го спречува создавањето на уринарни камења. Доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми, се препорачува да го земате наутро пред појадок и навечер, неколку часа пред спиење. Позитивниот ефект ќе дојде наскоро. Искористете го сокот од компир бидејќи е многу корисен!