ОДЛИЧЕН ДОМАШЕН РИТУАЛ ЗА УМОРЕНИ И ОТЕЧЕНИ СТАПАЛА

Состојки за топла купка за подобра циркулација:

1/2 чаша мелен или свежо рендан ѓумбир
5 до 20 капки есенцијално масло по ваш избор (се препорачуваат лимон, маточина или жалфија)
6 лажици масло


Подготовка:

Ѓумбирот сипете го во 200 мл врела вода, па додадете го во сад со топла вода или во када. Соединете ги основните и есенцијалните масла, па додајте ги во водата во која ќе ги натопите стапалата. Измешајте сè и уживајте во мирисот и релаксацијата. Ако сакате, можете малку да ги масирате стапалата додека се потопени во бањата.